Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Силно невреме и град ja зафати Србија

(ВИДЕО) Силно невреме и град ja зафати Србија

Краткотрајно, но силно невреме го погоди денеска околу 14 часот градот Чачак и околните села. Град паѓаше и во Косјерич и Краљево, пишуваат спрски медиуми.

Голема количина на дожд и град голем колку орев паѓало во градовите, а посебно во чачанските села, Миличевци, Пријевор и Миоковци.

Во Чачак град паѓало околу пет минути и ги оштетило керамидите на крововите на неколку куќи, додека во селата врнело околу 15 минути и нанело големи штети на земјоделските култури.
Според зборовите на началникот на одделението за вонредни состојби на Моравскиот округ Драгиша Брочиќ градоносниот облак дошол од правец на Ужице и се упатил кон Трепчи.

Во центарот на Чачак олујниот ветер оштетил и скршил поедини малди стебла. Уште нема пријави дали дождот предизвикал поплави во чачанските села кои беа зафатени од неодамнешните поплави, пренесуваат српските медиуми.

Невремето го погодило и Косјериќ каде паѓал град колку голф топки, пишува српски блиц.
Слично

Поврзани вести