Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Силниот земјотрес ги извади на улица жителите на Корча

(ВИДЕО) Силниот земјотрес ги извади на улица жителите на Корча

Земјотрес од 4.4 степени е почувствуван попладнево во албанскиот град Корча и околните области.

Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од Билишта.

По првиот земјотрес, имаше уште еден послаб земјотрес со јачина 3,4 степени. Нема информации за материјална штета или повредени лица, јавува албанската телевизија А2.

Балканвеб објави и видео на кое се гледаат жителите од Корча како трчаат надвор од нивните домови.

Поради албанските земјотреси во Македонија се стресоа Охрид и Струга. 


Слично

Поврзани вести