Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА, граѓаните јавуваат дека земјотресот траел долго

(ВИДЕО) СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА, граѓаните јавуваат дека земјотресот траел долго

Силен земјотрес ја погоди источна Турција нешто пред 10 часот, а граѓаните известуваат дека земјотресот траел подолго време.

Според информациите на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, а се случил во близина на градот Баскил.

Земјотресот се случил на длабочина од 9 километри, а податоци за размерите на штетите се уште не се познати.

Во коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ граѓаните оставаат пораки во кои се наведува дека земјотресот траел долго и бил силен.




Слично

Поврзани вести