Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Силен ветер крена во воздух продавач на пазар

(ВИДЕО) Силен ветер крена во воздух продавач на пазар

Во областа Кадрили, во Турција, сигурносните камери на еден пазар снимиле човек кој летнал заедно со чадорот за сонце додека дувал силен ветер. 

Како што забележале камерите, Мехмет Али Ланак и уште две лица кои биле во близина, се обиделе да го задржат чадорот за сонце да не падна од ветерот.

Ветерот дувнал толку силно, што Мехмет летнал заедно со чадорот. Како што објасниле надлежните, бурата траела 10-ина минути, а човекот не е сериозно повреден.

Во невремето во понеделникот летале и касите со пари, зеленчукот и останатите предмети. 


Слично

Поврзани вести