Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Си ги исклесале имињата на пештера, сега ги чека општо корисна работа за казна

(ВИДЕО) Си ги исклесале имињата на пештера, сега ги чека општо корисна работа за казна

Две машки лица во Црна Гора треба да одработат 180 часа општо корисна работа затоа што ги исклесале своите имиња на пештера. 

Тие се од Петњица и во август лани оштетиле пештера која е заштитено природно богатство. На околу 300 метри од влезот, ги исклесале своите имиња, пренесува црногорски Вјести.  Инаку, за ова кривично дело прпопишана е казна затвор од три месеци до пет години. Од спелеолошкиот клуб „Паук“, сметаат дека оваа пресуда нема да ги обесхрабри другите да преземаат такви дејствија. Велат дека граѓаните немаат знаење за да сфатат колкава штета прават со оштетувањата.  Бараат општината Бело Поље да реагира и да го заштити тој дел, затоа што и тунелот, односно вештачкиот влез е пробиен. 


Слично

Поврзани вести