Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Што се случуваше во Шуто Оризари?

(ВИДЕО) Што се случуваше во Шуто Оризари?
Разнесување на гласачи со возила, поткуп, па дури и физички судир меѓу политичари беше забележан денеска на гласањето во Шуто Оризари. Заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска се пожали дека била физички нападната од пратеникот Амди Бајрам и неговиот син Елвис, кои ја фатиле за врат на гласачко место. Нападот се случил на гласачко место во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари. „Голем е бројот на луѓе кои не се овластени лица, без легитимации и се наоѓаат тука, а воедно носат и луѓе на гласање. По неколку укажувања до полицијата, овие луѓе беа отстанувани, но повторно се враќаа. Но, во еден момент, се насобра толпа луѓе во која беа Амди Бајрам и неговиот син и почнаа да викаат што барам јас тука. Всушност, правеа драма. Но, во еден момент ме нападнаа, ме фатија за врат, ама за среќа полицијата реагираше брзо и ги остранија“, објасни Шекеринска. http://www.youtube.com/watch?v=l0bxiIXC2s8 Видео А1он Подоцна и заменик министерот за труд и социјала, Ибрахим Ибрахими, ја навредувал заменик-претседателката на СДСМ. http://www.youtube.com/watch?v=odnjtOY0gZE#t=102 Партијата Сојуз на Ромите, демантираше дека нивниот лидер Амди Бајрам физички ја нападнал Радмила Шеќеринска. „Наместо да ги набљудува изборите од избирачкото место каде што има овластување, таа цело време агитира и ги слика гласачите и постојано се движи од едно во друго избирачко место за што нема никакво овластување и врши притисок врз членовите на избирачките места“, соопшти партијата на Бајрам. Портпаролот на МВР, Иво Котевски, во изјава за Канал 5 телевизија, рече дека според нивните сознанија, Шекеринска провоцирала и дофрлувала, а како што кажа портпаролот, „таа била позната по тоа, па и за претходни избори имала ваков „испад“ со наводен антентат на возилото“. За време на гласањето во Шуто Оризари била нападната и набљудувачка на невладината организација „Цивил“, соопшти претседателот на организацијата Џабир Дерала. Во истовреме, Фокус објави и фотографии на кои се гледаат нумерирани возила кои наводно организирано ги носат гласачите до и од гласачките места во Шутка. На секое возило имало налепници со бројки и флаери од еден од кандидатите за претседател. Жители на оваа општина, пред камерите на неколку медиуми признаа дека превозот до гласачките места им бил организиран.
Слично

Поврзани вести