(ВИДЕО) Што се случи со детето кое беше најдено во шума во Босна меѓу чопор волци?
Било пролет во 1988 година кога група ловци меѓу чопор волци во шума на границата меѓу Босна, Србија и Црна Гора нашла дете. Ова дете се движело како животно, ползејќи на рацете и нозете.
Ловците ги убиле волците, а детето кое било изгладнето не кажало ниту збор, по што му дале име Харис и презиме Печурица и решиле дека службите треба да го пратат на ресоцијализација во Белград. Оваа вистинска приказна е основа за филмот „Ничие дете“, а во филмот за детето говори живиот сведок Драган Роловиќ, кој се грижел за него.
Детето го предале во негови раце во Центарот за прифаќање на деца и младинци во Белград. По 25 години од првата средба, овој човек кристално се сеќава на деталите.
„Кога стигна изгледаше како дете од друг свет. Беше крупен, висок, со сини очи и светла коса. Имаше долги раце“, раскажува тој.
Детето имало проблеми со синусите. Имал гребнатинки, бил напуштен, но немал сериозни повреди. Проценето е дека детето имало 10 години, но можно е да имало и три години плус. Вели дека ова дете седело во дворот, малку се движело, а се случувало и да падне поради што мислеле дека има проблем со рамнотежата. После извесно време го научиле да оди во чевли, да користи прибор и го запишале на училиште. Луѓето ги прифатил, но не и технологијата. Кога првпат видел телевизор, се скрил под креветот и едвај го извлекле надвор. Но, на крајот тој загинал пред да наполни 18 години. Сепак оваа приказна во освои Балканот, пишува српски Курир.
