(ВИДЕО) Што остави зад себе земјотресот во сред сезоната на Грција
Земјотресот со јачина од 5,1 степен по Рихтер утрово го погоди Халкидики, а повредени во тој земјотрес немало соопштија грчки официјални лица.
Епицентарот ма земјотресот бил на 89 километри јужно од грчкиот втор по големина град, Солун и 271 километар северно од Атина, пренесува агенцијата АП.
Земјотресот не предизвика големи материјални штети освен одрони на фасади на неколку куќи и згрдаи, а ги исплаши туристите.
Грчкиот остров Кефалонија во јануари и февруари го погодија два земјотреси со јачина од шест степени по Рихтер, оштетувајќи неколку згради,а за среќа немаше потешки повреди. Грција се наоѓа на сеизмолошкиот поактививен дел од светот, а повеќето земјотреси кои се случуваат многу ќесто поминуваат без последици, додава американската агенција.
