Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО)Штип куртули, поплавени Чешиново и Облешево, а Калиманци уште беснее

(ВИДЕО)Штип куртули, поплавени Чешиново и Облешево, а Калиманци уште беснее
  Надојдените води на Брегалница ноќеска се излеаа во општината Чешиново-Облешево, додека низ Штип поминаа без сериозно да го загрози градското подрачје. Поплавени се и оризовите површини во кочанско. Според аматерско видео направено изитринава кај браната Калиманци, а објавено на tvorbis.com.mk, водата во акумулацијата се уште беснее. Водата од Калиманци во изминатите 24 часа континуирано се прелева. Дотокот на вода вчера попладне изнесуваше 280 метри кубни вода во секунда, а денеска е намален на 230, а од Калиманци се испуштаат и 70 метри кубни вода во секунда. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=8qsJPAOw044[/embed] Акумулацијата Градче е исто така на прелив, а нивото на Кочанска Река низ градот е двојно зголемено. Во текот на ноќта се евакуираше населението кое живее по течението на реката Брегалница, почнувајќи од селото Истибања, Кочани, Чешиново-Облешево и Штип. Во општината Чешиново-Облешево, реката Брегалница се излеа во атарот на Облешево, Чифлик и селото Теранци, а поплавени се и дворови и куќи во селата Чешиново и Уларци. Во период од 24 часа до Теранци, кое бече отсешено од општината Чешиново – Облешево, се стигаше само преку општината Зрновци. Механизацијата во оваа општина работи на расчистување на најкритичните места за прифаќање на надојдените води. Во општина Виница реката Осојница урнала еден електричен столб и поплавила повеќе стотина површина ораници. Поради одрони патниот правец од Истибања кон браната Градче е затворен, а сообраќајот е пренасочен од Виница кон Берово. АМСМ информира дека поради големи одрони од камења, сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица е во прекин, а отежнат е и патниот правец Виница – Берово и на две места во должина од по 20 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради поплава. Поради излевање на реката Брегалница, превентивно е затворен за сообраќај патниот правец Штип - Ново Село. Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Слично

Поврзани вести