Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Штети во Белград, Нови Сад, Панчево, Лозница и Сремска Митровица, невреме ја зафати Србија

(ВИДЕО) Штети во Белград, Нови Сад, Панчево, Лозница и Сремска Митровица, невреме ја зафати Србија

Невреме ја зафати Србија, а белградскиот аеродром „Никола Тесла“ е привремено затворен. Српските медиуми јавуваат дека има штети во Белград, Нови Сад, Панчево, Лозница и Сремска Митровица.

Поројниот дожд е проследен со грмотевици и оркански ветер, кој уриваше дрвја, покриви и кранови. Во одделни делови од Србија снема струја.

Поради изразено неповолните временски услови, привремено е затворен аеродромот во Белград, при што постои можност и за откажување на некои летови, објави „Ер Србија“.

Во денешното силно невреме во Словенија загина едно, а во Хрватска три лица, од кои две во Загреб.

Во Хрватска денеска во невремето загинаа тројца луѓе. 

Принтскрин / Твитер

Видеото ќе го видите овде. 

Слично

Поврзани вести