Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Шиповиќ, тајно и под силно полициско обезбедување, екстрадиран во Македонија

(ВИДЕО) Шиповиќ, тајно и под силно полициско обезбедување, екстрадиран во Македонија
Тајно, ноќеска, со силно полициско обезбедување, полицијата го екстрадираше претседателот на Советот на општина Центар и претседател на општинската организација на СДСМ за Центар, Мирослав Шиповиќ. Тој е веднаш пренесен во затворот во Шутка. Трасата по која се одвивала екстадицијата на Шиповиќ, била обезбедена со голем број на полициски алфи. Како што објави порталот Центарњуз, на новинарите не им било дозволено фотографирање, и снимање. Претседателот на Советот на Центар беше приведен од австриската полиција на 15 октомври по издадена потерница, како првоосомничен за стопански криминал во фирмата „Машинопромет“ за случајот „Претседавач“. Австриските власти ја одобрија екстрадицијата на 6 ноември. Опозицијата бара Шиповиќ да се брани од слобода. http://www.youtube.com/watch?v=VKDsOjKrBUM
Слично

Поврзани вести