Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Шилегов: Бонева крие уште еден стан!

(ВИДЕО) Шилегов: Бонева крие уште еден стан!
Пратеничката на ВМРО ДПМНЕ Силвана Бонева не сокрила еден, туку два стана од Антикорупциската комисија, тврди портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, презентирајќи нови документи за имотната состојба на синовите на Бонева. „Еве го и вториот Имотен лист. Уште еден стан со пазарна вредност од околу 180 илјади евра. Исто како првиот, од 109 квадрати плус подрум од 43 метри квадратни. Исто така на адреса, Димче Мирчев број 20. Два ката погоре. Во истата зграда. Овој стан е на име на вториот син на Силвана Бонева, Гоце Бонев“, објави Шилегов . Тој побара од Бонева да одговори пред македонската јавност како се заработуваат 350 илјади евра, колку што вредат двата стана во Скопје, кои ги нема во имотниот лист на пратеничката. http://www.youtube.com/watch?v=qrVD5iahtr4 Бонева вчера се бранеше дека обвинувањата за криење на имот се лажни и злонамерни со цел да му се наштети на нејзиниот углед, угледот на нејзиното семејство и на угледот на партијата. „Силвана Бонева не крие ништо ни од Антикорупциската комисија ниту пак од јавноста – секоја промена во мојот Анкетен лист е уредно пријавена, евидентирана и достапна на јавноста“, се вели во нејзината реакција.
Слично

Поврзани вести