Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шешељ ќе бара отштета од Хаг

Шешељ ќе бара отштета од Хаг

Лидерот на СРС, Воислав Шешељ по ослободителната пресуда изјави дека ќе бара отштета од Хаг.

Тој кажа дека судиите покажале професионалност, чест и образ пред притисоците, одолеале на притисоците и ја донеле единствената можна пресуда. Тој изрази жалење што неговите блиски пријатели како Милан Мартиќ, генерал Здравко Толимир, Радован Караџиќ и многу други немале чесни судии и наведува дека во такви околности би биле ослободени.

„Мојот став за Хашкиот трибунал не се смени ни за влакно. Оној момент кога тргнав во Хаг, знаев дека ниту еден злочин не можат да ми докажат. Кога ја завршив својата работа и победив, не ме интересираше ни казната. Можеби сум можел малку да добијам, да не беснеат противниците на Србите“-вели Шешељ.

Тој ќе бара отштета во висина од 12 милион евра од Хаг.

   
Слично

Поврзани вести