Видео: Шеќеринска најави фер и слободни избори
Потпретседателката на СДСМ, Рамила Шеќеринска, на неколку часа пред изгласувањето на преодна влада вети организирање на фер и слободни избори на кои граѓаните ќе може без притисоци да ја изразат својата волја, а со тоа најави и големи демократски промени.
„Како што ветивме денеска ќе биде повторно избрана техничката влада којашто треба да организира фер, демократски, кредибилни избори на 11-ти Декември. Нејзина главна цел ќе биде да обезбеди вашиот глас да одлучи каде ќе се движи Република Македонија. Вашиот глас ослободен од притисоци, ослободен од било какви уцени, ослободен од било какви политички влијанија“, посочи Шеќеринска.
При посетата на Ѓорче Петров вети дека ќе се решаваат вистинските проблеми на граѓаните и дека ќе се подобри инфраструктурата за да не се случи нова катастрофа како во Стајковци и регионот кои најтешко беа погодени од поплавите.
Слично
