Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Сеизмолозите најавија што не чека во наредните два месеци

(ВИДЕО) Сеизмолозите најавија што не чека во наредните два месеци

Сеизмолозите од регионот предупредуваат дека ова нема да биде единствен земјотрес, и ќе се тресе во наредните два и пол месеци.

Земјотресот кој утрово ја погоди Албанија, а кој силно се почувствува и во Македонија, е еден од најсилните забележани во последните неколку години, изјави началничката во Заводот за сеизмолигија, Јадранка Михајлевиќ. Таа рече дека не може да се процени дали во наредните денови епицентарот би можел да биде и во Црна Гора.

Таа кажа дека земјотрес со оваа јачина би можел да предизвика пукнатини на послаби објекти, но дека не може да има точно податоци без излегување на терен. Михајлевиќ додала и дека по вака силен земјотрес серијата од потреси може да трае и до два месеци, како и дека интензивни потреси, односно таканаречено смирување на земјиштето се очекуваат во наредните денови. Изјави дека на овој потрес во Албанија му претходеле неколку послаби.

Бројот на загинати во денешниот силен земјотрес во Албанија се искачи на 20, откако беа пронајдени уште четири тела, а повеќе од 600 лица се повредени.


Слично

Поврзани вести