(ВИДЕО) Се запали камион на автопатот Загреб - Белград
Силна експлозија имаше на автопатот Загреб- Белград во близина на Пеќинци, при што камион со приколка полн со парфеми целосно изгоре во експлозијата на автопатот во правец кон Белград. Возачот на време избегал и е неповреден. Сообраќајот неколку часа беше во прекин и се формираа километарки колони возила.
Очевидците раскажаа дека по првата силна експлозија имало и неколку послаби. Не е позната причината за запалувањето на камионот кој целосно изгоре.
Слично
