(ВИДЕО) Се тресеа Свети Николе, Штип, Битола и Скопје: Како се одвиваше акцијата „Мрежа“?
Свети Николе, Штип, Битола и Скопје се тресеа се до утринските часови кога МВР успеала да разбие наркодилерска мрежа.
Исходот од акцијата „Мрежа“ како што соопштивме и утрово се пет приведени и едно притворено лице, додека по едно полицијата уште трага.
Од МВР до ОЈО ќе биде поднесена кривична пријава до лицата од криминалната група поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Министерот Митко Чавков денеска, образложувајќи ги деталите на акцијата, посочи дека поради основи на сомневање дека има висок степен на коруптивно влијание и силна внатрешна поврзаност во оваа криминална група, надлежни институции ќе продолжат со истражување со цел да се обезбедат дополнителни материјални докази и идентификување други лица членови, а воедно, подвлече, се продолжува и со финансиската истрага.
https://youtu.be/tamGTeDZz6U