Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Се случи тепачка на протестот во Белград

(ВИДЕО) Се случи тепачка на протестот во Белград

Протестите во Белград завршија со тепачка. 

Kај мостот Газела во Белград, каде беше одржана едночасовна блокада, се случи инцидент кога еден маж со автомобил „рено клио“ влетал во групата демонстранти која протестираше со транспаренти. Возачот со автомобилот поткачил еден од демонстрантите по што дошло до караница меѓу возачот и насобраните, а потоа и тепачка. 

Српските граѓани трета недела по ред ги блокираат мостовите и автопатиштата за да ја натераат власта да не соработува со компанијата Рио Тинто. Претходните две недели демонстрантите бараа повлекување на Законот за експропријација и измена на Законот за референдум, што потоа и се случи. Денеска блокади имаше во Нови Сад, Ниш, Шабац и Прељина.


Слично

Поврзани вести