(ВИДЕО) Се случи масакр во Цетиње, убиени се најмалку седум луѓе
Mасакр се случи денеска во црногорскиот град Цетиње, каде загинаа најмалку седум лица, јавија локалните медиуми.
Станува збор за семеен конфликт. Напаѓачот е убиен, а меѓу ранетите има и деца и полицајци. Како што пишува црногорски Дан, не станува збор за конфликт меѓу криминални кланови, а лицето кое пукало во цивилите и полицајците е убиено. Дан пишува дека напаѓачот не дозволил итните служби да им помогнат на повредените. Полицијата е на терен. РТЦГ јавува дека загинале најмалку седум лица. Тешко повредените се пренесени во Клиничкиот центар на Црна Гора. Засега не е познат идентитетот на лицата, а Радио Цетиње јавува дека полицаец е ранет во главата.
Слично
