(ВИДЕО) СЕ РАСПЕА И КОЛИНДА: Томпсон и е омилен пејач, но песната ја читаше од мобилен
Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ ја пее песната на Томсон „Липа ли си” во Њујорк.
Таа се распеала на цел глас, но на почетокот имала мал проблем затоа што го немала добро научено текстот од песната. Претседателката потоа текстот го читала од мобилниот телефон. Грабар Китаровиќ во Њујорк ќе учествува на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации.
Таа и претходно беше критикувана затоа што пее песни од Томпсон, кој инаку важи за националистички пејач. Но, таа не е единствена во политиката која пее. Меѓу политичарите познат по своето пеење е и српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, но и претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Дачиќ досега пеел на повеќе јазици, српски, грчки, турски, италијански јазик.
