Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија

(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија

Директорот на Македонски железници - Инфраструктура, Синиша Ивановски, објави видео и фотографии од претпоследниот од 15-те тунели од трасата за ќелезничката пруга од Коридор 8 кон границата со Бугарија.
Станува збор за делница од втората фаза Бељаковце - Крива Паланка. Првата делница Куманово - Бељаковце веќе е завршена, а третата Крива Паланка - граница со Бугарија допрва треба да започне со изградба.„Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло.

Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија.


Градбата на оваа траса изобилува со предизвици, а еден од поголемите се пробивањето и градбата на тунелите.

Прогресот на градбата на целиот проект не е на посакуваното ниво, но би го пофалил изведувачот за нивниот успех во градбата на тунелите.

Верувам дека и во другите сегменти од градбата за многу скоро од денес ќе почнат да бележат успех“,објави Ивановски.

Пругата кон Бугарија ја градат австриски Штрабаг и турскиот Турмак.


Слично

Поврзани вести