Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЕ ЕВАКУИРААТ ДВЕ НАСЕЛБИ: Пожарот зафати предградие на Атина

(ВИДЕО) СЕ ЕВАКУИРААТ ДВЕ НАСЕЛБИ: Пожарот  зафати предградие на Атина

Во Грција пожарот стигна до Атина, поради што е наредена евакуација на две населби. 

Повеќе од 70 пожарникари и 13 канадери се обидуваат да го локализираат големиот пожар во предградието на Атина. 

Пожарот минува низ ниски грмушки и маслинови дрвја во ретко населената област во близина на Вари, околу 30 километри јужно од центарот на Атина.

Десетици шумски пожари ја погодија Грција во последните денови, но беа изгаснати. Скоро секое лето во Грција има големи шумски пожари. 


Слично

Поврзани вести