(ВИДЕО) СДСМ: Партиска контрола за добивање на работа
Опозиционата македонска партија СДСМ , по дваесети пат објави снимки од наводни телефонски разговори од врвот на власта.
Во разговорите се слуша како премиерот Никола Груевски и други функционери од власта договараат партиски вработувања во јавната и државната администрација.
Наводно, сите кандидати за работни места мораа прво да поминат низ партиска контрола, а потоа да добијат за работно место.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/j12YS6pzbew[/embed]Откази во полицијата
На тие снимки, наводно се договара во полицијата да добијат отказ сите вработени кои се блиски до опозицијата.
„Не постои систем во државата-се е партија. Премиерот но и уште неколку соработници околу него срушиле се! Партиските кадри, кои се вработуваа под контрола и со одобрение на Никола Груевски ја преплавија полицијата, судството, здравството и образованието, додека професионалците и луѓето кои не се сложуваат со власта-се исфрлени на улица“, рече лидерот на опозицијата Зоран Заев.
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека Заев продолжува да работи за странски служби и интереси кои се против интересот на граѓаните.
Наведуваат дека Заев објавува монтирани материјали „кои сами по себе не докажуваат ништо дури и со очајни обиди на Заев некој обичен наратив, да ги прераскажува и објаснува, како би можел да манипулира, злоупотребувајќи и прикажувајќи ги во одреден неточен контекст кој само нему му одговара“.
Во рамки на проектот кој го нарекоа „Вистината за Македонија“, опозицијата повеќе од два месеци објавува наводни телефонски разговори од врвот на власта, со кои како што тврдат се докажува дека владеачката партија земјата ја води на коруптивен и криминален начин.
