Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СДСМ од Велес: Акцентот ставен на „Визарис“ и „Сопот“

(ВИДЕО) СДСМ од Велес: Акцентот ставен на „Визарис“ и „Сопот“

Денеска СДСМ објави нови наводно прислушувани разговори .

Двесет и петтата таканаречена „бомба“ ја презентираше Панче Иванов претседател на ОО СДСМ Велес.

Во фокусот на оваа „бомба“ беше аферата Визарис тешка 1,3 милиони евра.

Како што тврдат од СДСМ, во аудио материјалите може да се слушне разговорот меѓу главниот и одговорен уредник на Сител телевизија Драган Павловиќ - Латас и главната уредничка на весникот Вечер Ивона Талевска, во кој, според СДСМ, се договараат за тендерот и провизиите за фирмата Визарис, наводно Талевска се жали дека доколку не успее да ги земе парите, нема да живее удобно.

Исто така, дел од денешните аудио снимки беше и случајот кога синот на Претседателот на собранието беше фатен со кокаин на македонско-грчка граница и уапсен од грчката полиција.

Според СДСМ, во разговорот меѓу премиерот и министерката за внатрешни работи, Јанкулоска му кажува на Груевски дека синот на Вељаноски е проблематичен, но дека не треба да заврши во затвор.

Како што тврдат од опзоцијата таа вели дека не се работи за толку мало киличество, дека грчката царина му ја нашла, но му кажува на Груевски дека треба да биде ослободен, зошто сепак станува збор за син на Претседател на Собрание.

Во видеото може да ја слушнете целата прес конференција на опозицијата од денеска.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/5dWdWfciJEA[/embed]

Слично

Поврзани вести