Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СДСМ од Охрид: Фабрикувани скандали и местенки пред локалните избори

(ВИДЕО) СДСМ од Охрид: Фабрикувани скандали и местенки пред локалните избори

Во хотелот Ривиера од Бисерот на Балканот Охрид, опозицикста СДСМ денеска објави нов сет наводни прислушувани аудио снимки.

Разговорите ги презентираше претседателот на општинската организација на СДСМ Томислав Тунтев.

Тој изјави дека од разговорите се слуша како власта врши злоупотреби и ги става во функција на политиката институциите и полицијата и прави притисоци во Охрид со цел да ги добие изборите.

Во првиот сет од два разговори Тунтев рече дека наводно се водени помеѓу Мартин Протугер и главниот и одговорен уредник на Сител телевизија, Драган Павловиќ Латас, и како во Охрид, власта си поигрува со човечки судбини. Се правеле местенки и нарачки во провладините медиуми, невин човек, да биде јавно оцрнет и понижен.

Протугер, од позиција шеф на кабинет на Никола Груевски, според тврдењата на СДСМ договара на кој начин да се креира наводен скандал за еден директор на средно училиште, само затоа што е поставен од страна на поранешниот градоначалник на Охрид.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/AZptrRq9aI4[/embed]

Следува сет од три разговори помеѓу Мартин Протугер и Миле Јанакиески. Тунтев потенцираше дека јавноста ќе слушне зошто градската власт на Никола Бакрачески не е заинтересирана за заштита на Студенчишкото блато, зошто е драстично намален појасот од блатото што треба да биде заштитен и како се игнорира нашето природно наследство за сметка на лични интереси.

Според СДСМ Миле Јанакиески, од позиција на министер за транспорт и врски, му сугерира на Протугер да ја регулира сопственоста на земјиштето кај Рача, во близина на остатокот на Студенчишкото блато.

Наводно Мартин Протугер бара од Јанакиески, со странска компанија во Македонија, да договори купување на земјиштето во сопственост на Протугер и негови блиски роднини.

Протугер, вели Тунтев, договара вцртување на имотот, промена на планови, урбанизација и можна продажба на земјиштето, иако на тоа место било планирана туристичка развојна зона и заштита на Студенчишко блато како споменик на природата.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/J4vtmiy6B2Y[/embed]

Следува поголем сет од 11 разговори кои, како што тврди опозицијата ги потврдуваат изборните злоупотреби, изборниот криминал на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

„За време на локалните избори 2013 година, сите државни институции биле злоупотребени за партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ. МВР и полицијата, спротивно на законите, се ставени на располагање, по секоја цена да се освои Охрид. Дури биле ангажирани и пара полициски структури, или како што вели Јанкулоска „бараби““, истакна Тунтев на прес конференцијата.

Следува дел од СМС комуникацијата помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин.

Соочена со сериозните информации за бруталноста во дејствувањето на пара полициските структури Јанкулоска испраќа предупредувачка порака до Протугер:sms 1

Протугер враќа: sms 2

На крај, Тунтев во објавени два кратки разговори, рече дека од нив лесно може да се заклучи како власта планира да го затвори поранешниот градоначалник на Охрид.

Во првиот разговор, Миле Јанакиески, наводно лично бара да биде уапсен Аце Петрески.

Во вториот и последен разговор,според зборовите на СДСМ Мартин Протугер ја прашува Гордана Јанкулоскадали „ќе има нешто“ за Ацо. Јанкулоска вели дека ќе има но за тоа и требало „малце време“ за, како што вели „да не биде без врска работата“. Ќе слушнете и една реченица од Јанкулоска, потеницраше Тунтев која според СДСМ ја опишува сета суровост и нечовечност на оваа власт во справувањето со политичките неистомисленици. „На кој ќе му се закачиме нема бегање“ вели Јанкулоска.

Слично

Поврзани вести