Видео: СДСМ наместо тркало на лудоста ќе го штити Скопје од поплави
СДСМ продолжува со острите напади против изградбата на Панорамското тркало кое и покрај кратењата на други проекти како ветениот трамвај и подземната сообраќајница во Скопје сепак, ќе се гради со милионска сума.
„Почитувани, погледнете колкава област, колку населени места беа изложени на опасност и на катастрофи од поплави исклучиво заради неодговорноста и неспособноста на Никола Груевски и Коце Трајановски. Стајковци, Црешево, Смиљковци, Страчинци, Инџиково, Илинден беа најпогодени заради негрижата на власта. Ќе изградиме ефикасен систем за одбрана на Скопје од големи води. Ќе ги уредиме сливните подрачја, ќе ги исчистиме речните корита и каналскиот систем. Ќе го заштитиме Скопје од порои. Ќе ја санираме скопската обиколница, за да не ги поплавува куќите на жителите од Стајковци и другите населени места“, вети Самоил Манчевски од СДСМ.На презентацијата на проектот за заштита од поплави заменик министерот Николовски посочи дека галиите и сите непотребни објекти во Вардар се само дополнителен ризик.
Ќе воведеме забрана за изградба на објекти во коритото на „Вардар“ и другите реки во Македонија. Нема да дозволиме „Галии“ и други пиратски градби кои го зголемуваат ризикот од поплави. Ќе изградиме современ хидрометеоролошки систем за рано предупредување, за граѓаните во цела Македонија мора да бидат навремено информирани кога има ризик од поплава. Ќе изградиме нови системи за наводнување и одводнување во сите подрачја со најголем ризик од поплава. Годишно ќе инвестираме 10 милиони евра во вакви системи. Ќе извршиме вистинско пошумување на соголената Скопска Црна Гора и другите ризични планини, наместо да се сликаме за Денот на дрвото. Ве уверуваме, доаѓа време кога безбедноста, здравјето и сигурноста на секој човек ќе бидат приоритет во работата на институциите, изјави Николовски.Владејачката партија и понатаму го поддржува проектот Панорамско тркало со кое очекува да привлече голем број на туристи и од наплата на билети инвестицијата ќе биде исплатлива, а Скопје ќе добие светска атракција.
Слично
