(ВИДЕО) СДСМ МИТИНГ: Многу говорници, една порака!
Во тек е антивладиниот митинг на опозициската СДСМ.
Пред илјадниците граѓани се обратија многу говорници кои на Владата и упатија една порака, „Оставка за премиерот Никола Груевски.
Огнен Јанески, Мирјана Најчевска, Владимир Милчин, Никола Димитров, Петрит Сарачини, активист и креатор на „Безомразно“ се само дел од говорниците.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/OD43CX77Zaw[/embed]„Никола Груевски, душману наш, дали гледаш, дали слушаш, колку луѓе не те сакаат? Оди, оди си, се обрати пред граѓаните професорот на ФДУ и директор на ФООМ, Владимир Милчин.
– Дојдовме наспроти сите препреки, закани, етикити, уцени и лаги, наспроти сите валкани марифети на власта да го наруши крикот на граѓаните за слободата. Од расипани лифотви, до расипани автобуси и шлепери кои се поставени да блокираат патишта.
Дојдовме презаситени од стравот и гладни за слобода. Слобода, Грујо! Дојдовме да ја ослободиме слободата зашто во Македонија Грујо ја дотера до таму слободата да ја ослободуваме. Дојдовме државата киднапирана од власта да им ја вратиме на граѓаните. Дојдовме заради нас и тие што не се со нас, заради затворениците кои се затворени без вина, заради сите жртви на братучедите. Нема правда-нема мир. Така гласи нашиот одговор на неправдите направени од власта, дојдовме заради диксриминарите, заради тоа да престане влечење за уши, дојдовме да побараме оставка од оние кои ја делат власта со Албанците , а сонуваат за емилинација на “шиптариштата“. Доаѓавме и некни, и лани, доаѓавме во групи и колони, но власта не делеше, манипулираше, произведуваше домашни непријатели, а за тоа време црните кошули, тепаа, жареа и палеа. За тоа робија!
За почеток бараме оставка на владата на Груевски, преодна влада, прочистување на избирачкиот список, оставка на јавниот обвинител. Без тоа нема враќање на правдата, нема правда нема мир. Ја сакаме Македонија, не го сакаме Грујо, Грујо замини, порача Милчин.
Новинарот Огнен Јанески пак побара оставка од министерот за здравство Никола Тодоров и го замоли да си оди.
„Тажно е да излезам и да раскажувам за смртта на малата Тамара. Тажно ми е да ја повторувам пораката за будење на хуманоста. Тажно е што Тамара ја нема, но има одговорен за нејзината смрт, а тој се вика Никола Тодоров, министерот за здравствокој сите нас од пациенти не претвори во администрација и папирологија. Оставка – Никола Тодоров“ кажа на протестот новинарот Огнен Јаневски кој ја обелодени приказната за малата Тамара на која не и беше дозволена операција во странство”- рече Јанески.
Толпи се собираат на централниот булевар пред зградата на Владата, а многу од луѓето пристигнаа со автобуси од внатрешноста , веејќи црвено-жолти македонски знамиња.
Опозициските лидери изјавија дека некои од демонстрантите планираат да останат на улиците, додека Груевски не поднесе оставка, обвинувајќи го за задушување на демократијата по серија аудио записи кои ги објавија.
"Збогум Никола" и "Слободата на човекот е неприкосновена" гласат некои од плакатите кои ги носат граѓаните.
Настанот е пренесуван од бројни новинарски екипи од Србија, Бугарија и други земји.



