(ВИДЕО) СДСМ: Мијалков наместил милионски тендери
Опозиционата СДСМ по 28 пат објави снимки од наводни разговори на владини функционери.
Денешната објава се случи во Кавадарци.
Во разговорите се слуша како висок функционер во полицијата, директорот на УБК Сашо Мијалков договара работи за приватната Агенција за обезбедување СГС.
„Роднината на премиерот Никола Груевски, директорот на тајната полиција Сашо Мијалков, стои зад фирмата за обезбедување СГС. Тие добиваат тендери во милионски износи од институции, министерства, општини, јавни претпријатија, раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа компанија, која дава услуги за обезбедување на објекти, за три години заклучила договор во вредност од 15 милиони евра“, рече Зоран Ѓорѓиев.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/AYhkgLchCvc[/embed]Како што велат од СДСМ, Мијалков секогаш ги негирал тврдењата во јавноста дека има било какви врски со агенцијата.
Ѓорѓиев порача дека СДСМ ќе продолжи да објавува докази за незаконско прислушување се додека не ја урне актуелната власт која, како што рече, за сите недела мора кривично да одговара.
-Јавноста денес ќе ја слушне вистината: Братанецот на Никола Груевски, Директорот на УБК Сашо Мијалков, стои зад фирмата СГС која добива милионски тендери од институции, министерства, општини...со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ, рече Ѓорѓиев .
Од СДСМ порачуваат и дека за нив е неприфатлива понудата на Брисел за реконструкција на актуелната влада, што би ,овозможило враќање на таа партија во парламентот. Тоа, велат, не е во согласност со нивните основни барања, а тоа е пад на владата.
И коалиционите партнери на СДСМ сметаат дека реконструкцијата на владата не би можела да биде прифатливо решение за излез од актуелната криза.
-Ова сигурно не е план на Брисел и не е конкретен предлог во рамки на преговорите во Брисел - наведе Ѓорѓиев.
СДСМ, имено, смета дека Груевски би морал безусловно да поднесе оставка, бидјеќи тој, како што тврдат, се наоѓа на врвот на пирамидата.
-ТОЈ (Груевски) е Дон Корлеоне, тој е шеф на мафијата. Ако пионите се променат а остане шефот ништо нема да се смени, тоа не доаѓа предвид - вели Тито Петковски од НСДП.
