(ВИДЕО) СДСМ: Градски стадион бб – седиште на повеќе фирми на Ивона и Латас
Адресата „Градски стадион бб“ во Градскиот парк во Скопје не е седиште само на телевизија Сител и на семејната фирмата „Висарис МКД“ на Ивона Талевска, обвини денеска опозициската СДСМ.
Портпаролот на партијата Петре Шилегов презентираше нови документи според кои новинарката Ивона Талевска и главниот и одговорен уредник на Сител Драган Павловиќ - Латас се појавуваат во сопственичката структура на неколку фирми на истата адреса.
Шилегов прикажа официјални документи од Централниот регистар на Република Македонија, според кои Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска се основачи на СМАРТ АНАЛИТИКС Скопје, субјект регистриран како Здружение за анализа и истражување на пазарот, со седиште на оваа адреса.
„Главниот и одговорен уредник на вестите на Сител, Драган Павловиќ, е еден од основачите на фирмата „ТОТАЛ МЕДИА ДОО Скопје“, веќе во фаза на ликвидација. Седиште: Градски стадион ББ, Скопје. Куќниот пријател на премиерот Никола Груевски, уредникот Латас, и партнерката уредничка и бизнисменка, Ивона Талевска, се меѓу основачите и на повеќе правни субјекти кои се водат како избришани во Централниот регистар а чие што седиште е Градски стадион ББ. Латас, според овие документи бил меѓу основачите во друштвото за комрецијални услуги „ЛИНЕА МЕДИА ДОО Скопје“, на здружението за развој на младинско општество „МЛАДИНСКИ ЛИДЕРИ-Скопје“, и фирмата „ТОТАЛ МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА ДООЕЛ-Скопје“. Ивона Талевска се јавува како овластено лице во субјектот „Коперник асоциатион Скопје“, здружение за младинско општество, демократија и европски вредности, адреса Градски парк, Градски стадион ББ, Скопје. Како основач Ивона Талевска фигурира и во „Смарт центар ДООЕЛ“ експорт-импорт, со приоритетна дејност „огласување преку медиуми“ која исто така се води на Градски парк, Градски стадион ББ. Двете фирми се избришани од Централниот регистар во текот на минатата година“, рече Шилегов.
Еве ја во целост пресконференцијата на СДСМ:
http://www.youtube.com/watch?list=UUSj5OsDyVsD6si3UdhQCQNw&v=hqQ805dytDQ
Слично
