Видео: Rolls-Royce го направи најскапиот автомобил за таен богаташ
Британскиот луксузен автомобилски бренд по нарачка на таен богаташ го изработи најскапиот автомобил во историјата кој ќе чини неверојатни 13 милиони долари, што е еднакво на цената на четири Бугатија заедно.
Станува збор за модел кој наликува на луксузните јахти од 20-тите години, целата шасија е рачна изработка, има голем број на детали по нарачка на идниот сопственик и уникатни елементи за кои биле потребни дури 4 години посветеност.
Новиот автомобил Sweptail ќе биде еден и единствен, а е базиран на Rolls-Royce Phantom VII.
Слично
