Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РЕКИ НАРОД СЕ СЛЕВААТ ВО НОВИ САД: Утре се навршува една година од падот на натстрешницата

(ВИДЕО) РЕКИ НАРОД СЕ СЛЕВААТ ВО НОВИ САД: Утре се навршува една година од падот на натстрешницата

Илјадници луѓе се собрани вечерва во Нови Сад и ги пречекуваат студентите кои пристигнуваат пеш во тој град од сите страни на Србија. Во се случува во пресрет на утрешната годишнина од падот на настрешницата на железничката станица при што загинаа 16 луѓе.

Во центарот на градот вечерва пристигнуваат колони од студенти, средношколци и граѓани, кои им се придружуваат на илјадниците кои ги пречекуваат.

За утре се очекува масовен собир на граѓани и студенти од целата држава кои ќе им оддадат почит на настраданите.

Во Нови Сад се присутни и десетици странски новинарски екипи кои известуваат за собирот и за студентското движење во Србија, што почна брзо по трагедијата на 1 ноември 2024 година. Антивладините протести траат веќе една година, се бара кривична и политичка одговорност за несреќата.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во обраќање до јавноста изјави дека му е жал за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите, и уште еднаш ги повика граѓаните на дијалог по 1 ноември.

Меѓу загинатите беше и македонскиот научник Васко Саздовски. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести