(ВИДЕО) Реката Отиња беснее низ Штип, големо невреме го урна мостот на реката!
Градот Штип денеска беше зафатен од големо невреме кое предизвика прелевање на браната Мантово.
Несекојдневна глетка низ улиците во градот, сместен на пет рида, беа претворени во реки а силните води го преполнија коритото на реката Отиња.
Од општината Штип апелираат до жителите на селата од 20 км да се повлекуваат во градот, а стоката и добитокот да се однесе во високите предели.
Со големи маки граѓаните на Штип стигаа до посакуваното место поради претворените улици и центар на градот во реки.
Грашаните посочуваат дека градот нема добра мрежа за прифаќање на атмосферските води и општината под итно да превземе нешто за да не се поплавуваат улиците.
Слично
