Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РЕГИОНОТ СЕ БОРИ СО ПОПЛАВИ: Над 40 куќи се под вода

(ВИДЕО) РЕГИОНОТ СЕ БОРИ СО ПОПЛАВИ: Над 40 куќи се под вода

Регионот се бори со поплави. Водостојот на реката Сава во Босанска Градишка е во пораст, а во попладневните часови се очекува  голем бран од правец на Јасеновац.

Нивото на реката измерено утрово во 8 часот изнесувало 868 сантиметри.

Во Босанска Градишка проблем претставуваат и подземните води, а Сава уште пред неколку дена се излеала и водата потопила околу 40 куќи.

На терен се екипите од Цивилна заштита кои им помагаат на загрозените жители.

Влезот со моторни возила во дел од Белград, кај Кулата Небојша е забранет, а граѓаните се предупредени да ги тргнат возилата кои таму се паркирани, поради опасност од поплави, а велосипедската патека на Ада Циганлија е под вода. 


Слично

Поврзани вести