(ВИДЕО) Разговорите од денешната „17 бомба“ на СДСМ од Прилеп
Претседателот на Општинската организација на СДСМ од Прилеп, Сашо Велески, на прес конференција, обзнани снимени разговори, за кои вели дека се меѓу Марјан Ристески, градоначалникот на Прилеп и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, во кои Јанакиески бара од Ристески список на фирми, наводно блиски на СДСМ.
Од позиција на градоначалник, Ристески наводно се жали на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески дека е паднат рејтингот во Прилеп. За свите сограѓани Ристески смета дека се „специјалка“ и дека требало и нешто друго да се прави во градот, а не само улици.
„Да не дозволиме ова зло да ни се повтори“, рече Велески и ги повика граѓаните на Прилеп веднаш да продолжат со марш низ градот и на средба со партискиот претседател Зоран Заев.
