(ВИДЕО) Разговори обајвени во денешната „бомба“
Доколку немавте можност да ја следите прес конференцијата на СДСМ во видеото подолу може да ги слушнете разговорите кои денеска ги објави Заев. Разговорите се водени како што истакна Заев помеѓу директорот на Убк Сашо Мијалков, Светлана Костова и Хаим Хаикими од Израел.
Додека можеше да се слушнат и разговори помеѓу министерката Јанкуловска и вицепремиерот Ставревски.
Станува збор за разговори за набавка на опрема за прислушување од Израел. Мијалков Опремата ја набавува преку соработничката Светлана Костова, а договорот се одвива преку Хаим Хаикими од Израел.
За да почне да преговара Мијалков побарал провизија од половина милион евра, само да продолжи со разговорите тој бара до последно евро.
Во аудио снимките се спомнуваат суми од 500.000 евра, ќе се потсетите која е Светлана-соработничката на Мијалков која Сашо ја израдува дека ја наместил за судијка. Оваа личност Светлана Костова, и од позиција на судија во Управниот суд продолжува да ги врши валканите работи за Сашо Мијаков, изјави Заев на денешната пресконференција.
