Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Растерани со водени топови: Прекинат митингот против егзекуцијата на противникот на Ердоган 

(ВИДЕО) Растерани со водени топови: Прекинат митингот против егзекуцијата на противникот на Ердоган 

Турската полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собрале денес поради убиството на претседателот на Здружението на адвокатите Тахир Елчи. На митингот, одржан во Истанбул, се собраа над 2.000 лица, кои излегле да ја искажат својата почит кон брутално убиениот адвокат кој беше тежок противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

[button color="gray" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/11/28/video-teror-vo-dijarbekir-ubien-javno-turski-advokat-zhestok-protivnik-na-erdogan/" target="blank" ](ВИДЕО) Терор во Дијарбекир: Убиен јавно турски адвокат, жесток противник на Ердоган[/button]

Луѓето излегоа на плоштадот Таксим во центарот на Истанбул штом беше распространета веста дека претседателот на Адвокатската комора Елчи е убиен од екстремисти за време на интервју пред новинарите. Во престрелката со напаѓачите-Курди загина и еден полицаец, а неколку лица беа повредени.

Луѓето излегоа на митинг, и не ја провоцираа со ништо полицијата, се држеле мирно и достоинствено, но и покрај тоа по неколку часа се појавила специјалната полиција која се насочиле против нив со водени топови и солзавец, пренесува Bloknot.ru.

Луѓето биле принудени да отстапат поради силата на водата и солзавецот. Убиениот Тахир Елчи беше популарен адвокат во Турција специјализиран за заштитата на правата на курдското население. Според локалните медиуми, тој бил и помеѓу најжестоките противници на претседателот на Турција, Ердоган.

[embed width="700" height="450"]https://youtu.be/d060WlbCcgs[/embed]
Слично

Поврзани вести