Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РАСКАЖА КАКО СЕ СПРАВУВА СО БОЛКАТА: Татко на загинато девојче во масакрот во Белград ги расплака сите во студиото

(ВИДЕО) РАСКАЖА КАКО СЕ СПРАВУВА СО БОЛКАТА: Татко на загинато девојче во масакрот во Белград ги расплака сите во студиото

Говорот на татко на убиено девојче во масакрот кој на 3 мај се случи во училиште во Белград ги расплака сите во студиото. 

Човекот објасни дека му е многу тешко, но ќе мора да се носи со болката. 

„Мојата судбина е тешка, но ќе ја поднесам баш како што мудро ме научи Софија, и мудроста на тоа дете ме научи да го погледнам секој од вас во очи и да бидам благодарен што имате емпатија“, рече Слободан Негиќ, таткото на едно од девојчињата кои загинаа во масакрот на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград. 

Негиќ ова го кажа при своето гостување во вчерашната емисја „Впечаток на неделата“ (Утисак недеље) на Нова.рс, по што водителката и гостите во емисијата се расплакаа.

Надоврзувајќи се на зборовите на една мајка која се приклучи на шоуто велејќи дека меѓу луѓето нема емпатија, Негиќ не се согласи со тоа, пренесува Нова.рс.

„Денеска (на седницата на Советот на родители) во очите на луѓето видов искрен страв за сите нас. Кога бев на погребот на ќерка ми ми пријдоа многу луѓе, од кои многумина не ни знаев кои се. И гледам дека ниту ним им е лесно да ми изразат сочувство, ниту мене да го примам, додека во еден момент не почнав да ги гледам во очи тие луѓе и на секој од нив гледајќи го во очи да му се заблагодарам, и да им се поклонам. Тогаш и тие луѓе почнаа да се чувствуваат некако прифатени, како да се познаваме од порано…“, изјави Негиќ.

Потоа објасни како нивната ќерка го добила своето име.

„Мојата Софија го доби своето име затоа што со Миланка сакавме малку да се пошегуваме. Бидејќи јас сум магистер по филозофија и нејзиното моминско презиме е Мудроша, ја нарековме Софија“, рече тој, а потоа кажа нешто што го научила неговата ќерка.

Во масакрот загинаа 10 луѓе. Убиени се деца и стражар во училиштето. 

Првото основно јавно обвинителство во Белград по службена должност оформи предмет во врска со настанот во ОУ „Владимир Рибникар“ на 3 мај 2023 година. година, кога момче (13) им одзеде животи на десет лица и рани уште шестмина од кои едно починало и да се утврди дали во дејствијата на М.К., мајката на убиецот - малолетното момче, се содржани елементите на кривичното дело - запуштање и злоупотреба на малолетно лице. 

Принтскрин: нова.рс


Слично

Поврзани вести