Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Рама руши хациенди – нема недопирливи пред законот!

(ВИДЕО) Рама руши хациенди – нема недопирливи пред законот!

Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук објави видео како урива дивоградби. Овој пат се работи за хациенди. 

Рама порача дека овој процес нема да запре. 

„Напротив – во наредните денови ќе следи нов пакет мерки што ќе ја зголемат ударната сила на законот, со јасна цел: да нема повеќе неказнети одговорни лица. Законската одговорност ќе ги стигне не само оние што незаконски градат, туку и оние што со години ги штителе со мито и корупција – во инспекторатите, во полицијата, па дури и на локално ниво.  Денес, операцијата продолжи во ’ртот Родонит, општина Драч, каде што уште едно природно чудо беше злоупотребено за профит преку дивоградби. Таму каде што треба да уживаат граѓаните и туристите во чиста природа, некој решил да ја претвори во приватна каса. Ова повеќе нема да се дозволи! Ова е борба за ред и закон, за природата и јавниот интерес, за иднината што не ја градиме врз корупција и беззаконие, туку врз почитување на правилата. Доста беше! Албанија нема да биде заложник на дивоградби и митаџии!“, вели Рама. 

Албанија воедно ова го прави за да покаже пред Европската Унија(ЕУ) дека се реформира. Според најавите на повеќе европски политичари, можно е Албанија во 2027 година да влезе во ЕУ. 


Слично

Поврзани вести