Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Рама покажа како ги уриваат дивоградбите во Албанија

(ВИДЕО) Рама покажа како ги уриваат дивоградбите во Албанија

Aлбанскиот премиер Еди Рама објави како ги уриваат дивоградбите во Албанија. 

Споделувајќи видео од акцијата за уривање на дивоградбите, Рама на Фејсбук напиша дека со овие сцени ја продолжуваат битката против бесправната градба која ги загрозува и нагрдува заедничките простори. 

„Со овие сцени од соочувањето со незаконитостите што ги повредуваат и нагрдуваат просторите во кои заедно живееме како синови и ќерки на оваа земја, а каде што, по секоја цена, ќе го напишеме последното поглавје од битката против градбите без дозвола или спротивно на издадените дозволи, ви посакувам успешна недела“, напиша Рама.

Тој порача дека ова ќе биде последното поглавје во справувањето со градбите без дозвола или спротивно на издадените дозволи и им посака на граѓаните успешна недела.

Албанската влада ја продолжува голема акција за уривање на дивоградби како дел од планот за членство во ЕУ до 2030 година.


Слично

Поврзани вести