Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „Рама оди си“ одекнува во Тирана: Илјадници демонстранти и кордони полиција околу Парламентот

(ВИДЕО) „Рама оди си“ одекнува во Тирана: Илјадници демонстранти и кордони полиција околу Парламентот

Тирана од рано утрово е практично под полициска опсада со оглед на тоа дека парламентарно со заседанието на парламентот беше закажан и опозициски протест, па пратениците од мнозинството во згрдата почнале да се собираат еден час пред почетокот на седницата, за да избегнат средба со протестантите.

Повеќе илјади демонстранти, следбеници на опозицијата, ја обиколиле зградата на парламентот во Тирана, барајќи оставка од владата и распишување вонредни избори. Демонстрантите, исто така ја обвинуваат владата за корупција и врски со криминал.


Зградата на парламентот ја обезбедувале над стотина полицајци како и бодликава жица.

Демонстрантите извикувале „Рама, ооди си“ .

Исто така, на улиците може да се види црн чад од гумите, кои ги запалиле демонстрантите.

Медиумни од регионот пренесоа дека на граѓаните не им е дозволено слободно да се движат по улиците на албанската метропола.

Силни полициски сили, ги блокирале пешаците и минувачите помеѓу Уметничките галерии и Министерства за внатрешни работи.


Слично

Поврзани вести