(ВИДЕО) Радоичиќ им избега на стотина косовски специјалци
Српски "Вечерње новости" објави видео од моментот кога специјалната единица на косовската полиција влегува во резиденцијата на еден од подпретседателите на Српска Листа, Милан Радоичиќ, во Косовско Митровица.
Инаку, косовската полиција во петокот уапси тројца Срби осомничени за убиство на водачот на Српска листа, Оливер Ивановиќ, во јануари оваа година.
Тројца уапсени Срби се притворени на еден месец, додека Радоичиќ успеа да побегне и во последното обраќање во јавноста објави „дека е во близина“
Радоичиќ важи за многу опасно лице, а аналитичарите велат дека негова функција како политичар е да ги охрабрува Србите на Косово да ја следат политиката на Белград.
Слично
