Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Се јавиле дури 20.000 луѓе

(ВИДЕО) РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Се јавиле дури 20.000 луѓе

Мекензи и Дерек Тилотсон од Јута бараат дадилка која ќе се грижи за нивните три деца додека се на пат околу светот. 

Огласот го објавиле на Фејсбук како видео и се надевале дека ќе им се јават десетина луѓе, но се пријавиле 20.000 кандидати. 

Семејството планира да је продаде куќата и на пат околу светот да тргне во јули. Ќе тргнат од Њујорк, ќе ги посетат Исланд и Европа. 

За патувањето брачните партнери ќе пишуваат на блог, и велат дека со себе ја носат својата работа. 

Раскажуваат дека тоа ќе им биде предизвик, затоа што ќе работат на различни места. 

За Божиќ ќе се вратат дома и ќе останат две недели, а потоа одат на Хаваи, Нов Зеланд и Азија. 

Бидејќи имаат три деца, помош им е повеќе од потребна. 

Дадилката да добива од 1.200 до 1.500 евра со вклучени трошоци за патување и други трошоци. 

Некои оставиле коментар дека е тоа малку за грижа за три деца, чистење и готвење. 

Но, од друга страна се јавиле многу луѓе, учители, медицински сестри, социјални работници. 



Слично

Поврзани вести