Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Путин се изнасмеа во Белград – еве зошто!

(ВИДЕО) Путин се изнасмеа во Белград – еве зошто!
Рускиот претседател Владимир Путин и српскиот премиер Александар Вучиќ неочекувано започнаа да се смеат за време на нивната средба вчера во Белград. Путин во текот на разговорот со Вучиќ се загледал во една точка, кратко прокоментирале нешто, а потоа и двајцата започнале да се смеат. Според една верзија, рускиот претседател му рекол на српскиот премиер дека му е одврзана врвцата на чевлите, на што Вучиќ признал дека не забележал. Според друга верзија, пак, Путин на тепихот забележал извезено прасе и тоа токму во моментот кога со Вучиќ разговарале за извозот на српска храна во Русија. Која верзија и да е точна, двајцата се засмејале, по што продолжиле со разговорот. Еве ја снимката од тој настан: http://www.youtube.com/watch?v=UKckYsQDPoQ „Драг пријателе, што и да побараш од Русија за својата земја, јас ќе се погрижам тоа да го добиеш“, наводно му кажал Путин на Вучиќ пред заминување од Белград.
Слично

Поврзани вести