(ВИДЕО) ПУТИН И ЕРДОГАН СОГЛАСНИ: Изградбата на Турски тек ќе биде реализирана
Претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган изразија денеска поддршка на изградбата на гасоводот Турски тек кој е суспендиран после влошените односи на двете земји минатата година.
Во одделни обраќања на Светскиот енергетски конгрес во Истанбул, Путин и Ердоган рекле дека нивните земји сакаат да продолжат со развојот на проектот Турски тек кој рускиот гас би го доставувал во земјите на Европската унија преку Турција.
„Обезбедувавме енергија за ЕУ во претходните 50 години. Сега работиме на друг проект. Разговараме за Турски тек со Ердоган и другите наши партнери“, рекол Путин.
Ердоган пак рекол дека Турција позитивно гледа на гасоводот од Русија.

Турција и Русија работат на нормализација на односите кои се затегнаа минатата година кога Турција собори руски воен авион близу границата со Сирија. Русија воведе низа економски санкции за Турција, но односите се подобрени бидејќи Ердоган се извини во јуни.
Москва и Анкара, меѓутоа, и понатаму поинаку гледаат на Сирија. Русија го поддржува сирискиот претседател Башар Асад, додека Турција бара негова смена и им помага на бунтовниците.

Се очекува Путин и Ердоган да се состанат на маргините на енергетскиот собир и да разговараат за економската соработка во Сирија.
