Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Путин и Асад пред победа: Џихадисти се предаваат

(ВИДЕО) Путин и Асад пред победа: Џихадисти се предаваат

Откако Русија почна со воздушни напади во Сирија, победата во војната е се поблиску, вели министерот за национално помирување Али Хајдер од Сирија.

„Сто проценти сум сигурен дека воена воздушна операција на Русија во Сирија ќе ги забрза акциите на сириската војска во победа над Исламската држава. Има нова фаза на развој на настаните во арената на борбените операции и плодна почва за нови случувања на сириската војска во земјата, која веќе се гледа “, изјави сирискиот министер Али Хајдар.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/uwUh_YEuRWM[/embed]

Министерот рече дека илјади милитанти им се предале.

„ Вклучувајќи го Хомс и нејзините западни предградија, можеме да зборуваме за повеќе од 10 илјади луѓе кои го положија оружјето во последните две години “, рече Хајдар.

Инаку, Русија интензивно напаѓа во Сирија од 30 септември годинава. Таа сега освен воздушна, започнува  копнена и водена офанзива. Само со воздушните напади за 20 дена, руските авиони уништија на ИСИС.
Слично

Поврзани вести