Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пустош на Евија, Грците велат ова е „библиско уништување“

(ВИДЕО) Пустош на Евија, Грците велат ова е „библиско уништување“

Во северниот дел на грчкиот остров Евија имаше катастрофални пожари кои оставија пустош зад себе и тоа може да се види од снимките направени со дрон. 

Пожарникарите веќе седум ден се борат со огнот кој уништи повеќе од половина милион хектари земјиште и  илјадници објекти. Населбите на островот се опкружени со оган, пишува весникот Екатимерини. Грчките пожарникари цела ноќ, со помош на 200 колеги од Украина и Романија, мештаните, како и воздухопловните сили, го гасеа пожарот на потегот Фаракла-Спатари-Каливија-Трупи. За грчките медиуми видеото е приказ на „библиско уништување“. Над 2.000 луѓе беа евакуирани со чамци и ферибот, поради шумскиот пожар што се приближуваше до крајбрежните области. Жителите привремено ќе спијат на плажа и во ферибот.

foto EPA-EFE


Слично

Поврзани вести