(ВИДЕО) ПУКАЈТЕ ИЛИ СПАСЕТЕ НЕ: Мигранти штрајкуваат со глад и порачуваат дека живи нема да се вратат назад!
Мароканци, Иранци и Пакистанци денес пак го блокираа железничкиот сообраќај на граница на Грција со Македонија и бараат да им се дозволи премин кон земјите на западна Европа, а некои стапиле во штајк со глад.
Иранец кој штрајкува со глад се соблекол до половината , ја прекрил својата уста со лепак и седнал пред полицајците. На прашањето на известувачот на Ројтерс каде сака да оди, електроинжиниерот Хамид (34) рекол: „Во било која слободна земја на светот. Не можам да се вратам. Ќе ме обесат“
Словенија, Хрватска, Србија и Македонија од минатата недела не дозволуваат премин на мигранти кои не се од воени подрачја, односно Сирија , Авганистан и Ирак. Овие земји нагласија дека „економските мигранти“ ќе бидат вратени назад.
Групи Мароканци, Иранци и останатите ja блокираа пругата на македонско-грчката граница и оневозможија премин на возови. Група мигранти пак од Бангладеш се соблекле до половината и на телата испишале:„Пукајте во нас, нема да се вратиме“, Во друга порака пишува „Пукајте во нас или спасете не“.
Организацијата за заштита на човекови права ги предупреди државите на „балканската рута“ дека азил треба да доделуваат по дефинирани правила и заслуги, а не врз основа на националност.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/LaqDymCoIGI[/embed]

