Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Првоосомничениот во „Чекан“ тврди дека не заработувал од криминал

(ВИДЕО) Првоосомничениот во „Чекан“ тврди дека не заработувал од криминал
„Не се занимавам со нелегални работи. Работев во Швајцарија и имам месечна пензија од 5.000 швајцарски франци. Добив надомест од 300.000 франци од Швајцарија и со нив можам да градам куќи и да купувам автомобили секоја година“ - ова, преку порталот Шкипмедија, го тврди првоосомничениот во акцијата „Чекан“, Фадил Арслани кој во моментов е недостапен за надлежните органи и по кого полицијата се уште трага. Тој, во својата изјава, истакнал дека не е криминалец и дека се она што стекнал е чесно заработено во странство. Во полициската акција „Чекан“, што беше спроведена во средата, беа приведени 15 лица, а по четворица меѓу кои и Арслани се уште се трага. Меѓу осомничените кои се товарат за злосторничко здружување, лихварство, изнуда и фалсификување исправи се најдоа и адвокати и извршител од Скопје. Полицијата кај осомничените заплени луксузни автомобили, пари, а и вреден недвижен имот. Со каков имот располагале, погледнете од полициското видео: [embed]http://www.youtube.com/watch?v=CSg5SeBQ-lo[/embed]
Слично

Поврзани вести