Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Прво им пукнале ѕидовите и плочките, а денес почна да се урива зграда во Белград

(ВИДЕО) Прво им пукнале ѕидовите и плочките, а денес почна да се урива зграда во Белград

Се урива зграда во Белград, при што станарите се евакуирани. 

Зградата со седум ката и десетина станари почнала да се урива во населбата Врачар околу 11 часот.  Станарите веруваат дека нивниот објект се урнал поради работи на градилиште во близина на кое веќе цел месец се копаат темели за нова станбена зграда. Тие, како што пренесува српскиот јавен сервис, веќе подолго време предупредувале на опасност од уривање на зградата, затоа што во изминатите денови имало пукање на ѕидови и плочки. Зградата не е целосно урната, туку дел од становите на приземјето, меѓутоа од безбедносни причини се евакуирани сите станари.  Полицијата соопшти  дека нема повредени луѓе. 


Слично

Поврзани вести