Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Првиот авион полета од најголемиот аеродром во светот

(ВИДЕО) Првиот авион полета од најголемиот аеродром во светот

Се реализираше првиот лет од најголемиот аеродром во светот, при што патниците летаа од Истанбул до Анкара. 

,,Гранд“ е аеродромот за кој се предвидува до 2028 да има капацитет од 200 милиони патници. Тој ќе му го одземе приматот на аеродромот Хартсфилд – Џексон во Атланта, САД. Овој аеродром лани имал капацитет од 104 милиони патници.

Вредноста на проектот е 11,6 милијарди долари. Аеродромот во Истанбул ќе биде пуштен во целосна употреба на 29 декември.

Од новиот аеродром дотогаш ќе полетуваат авиони само кон Анталија, Измир, Северен Кипар и Азербејџан. Во меѓувреме ќе биде во функција аеродромот ,,Ататурк”.

Кога ќе бидат завршени сите четири етапи, од аеродромот дневно ќе полетуваат и слетуваат 2 илјади авиони на 50 внатрешни и 250 надворешни линии, а ќе им бидат понудени услуги на 250 авиокомпании.

Аеродромот го пушти во употреба деновиве турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Отворањето со совпадна со 95-годишнината од прогласувањето на турската Република.

Делови од аеродромот „Ататурк“, во иднина ќе биде пренаменет во јавен парк. Истанбул со новиот меѓународен аеродром ќе има вкупно три.


Слично

Поврзани вести